#ПетАлбумиЗаПоДома на Горјан Јовановски

Kреаторoт на апликацијата Мој Воздух и активист, Горјан Јовановски одбра #ПетАлбумиЗаПоДома, со свој краток осврт кон музичките остварувања:

1.Кино – Ночь (1986)
Случајно налетав на групава додека слушав рандом песни на Spotify (патем така најчесто ги откривам новите групи). Од секогаш ме привлекувала руска музика, ми била мистична, а посебно од 80-тите и 90-тите. Кино се прекрасен бенд баш од тој критериум!


2.The Offspring – Rise and Fall, Rage and Grace (2008)
The Offspring ми се секогаш група што ја слушам кога сакам да имам енергија, и тоа бунтовничка. Кога спремам протест, пишувам лут емаил или едноставно имам вишок енергија. Посебно песната You’re Gonna Go Far Kid, чиј текст е доста мистичен за толкување, ми допринесува до бунтовникот во мене.


3.Red Hot Chily Peppers – By The Way (2002)
Кога бев во основно, ова ми беше едно од првите ЦД-ња што ги купив. Се сеќавам дека имав ликовно прв час во понеделник, што значи касно во недела останував навечер довршувајќи ги цртежите што искрено ги мразев. Овој албум беше на repeat ставен, и секогаш ќе ме асоцира на тој период.


4.Alan Walker – Different World (2018)
Четири години живеев во Амстердам, и таму ми се многу од пријателите, спомените и потешкотиите. Сам бев поголем дел од периодот пред најдобриот другар да се пресели таму со мене, и сите моменти ги пронајдов во албумов. Losing control, falling down, feeling lonely and finding my darkside, сите песни од Alan Walker, се песни што се мои емоции од тешките моменти, но и моменти на разум и раст.


5.Funk Shui – Стаклени Нозе (2017)
Песната која ми ја врати љубовта за Скопје.

– – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – –

Радио МОФ ја започна рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома со цел да се грижиме за општото културно и ментално здравје. Објавуваме по пет музички албуми, избор на разни личности, од различни профили и генерации, за да слушнеме нешто што не сме чуле, или да се навратиме на заборавени музички парчиња. Идејата е да дадеме смисла на времето во изолација, да го култивираме просторот со изданија што се „вртат“ по дома. Без жанровски ограничувања во изборот, старо или ново, туку чисто музика за секој ден, во секое време. Луѓето ни кажуваат кои пет албуми ги сакаат, и зошто ги сакаат.

Досега се објавени #ПетАлбумиЗаПоДома на:
Ѕвездан Георгиевски – Петар Антевски – Сара Цветкоска – Мартина Баракоска – Сара Миленковска – Златко Ѓелески – Горан Костовски – Индог – Драган Иванов – Druggy – Катериња – Милчо Манчевски – Калиа Димитрова – Ивана Маркоска – Tōkyō de Ville – Митко Гогов – Ерина Богоева – Јасмина Јонуз – Давид Николовски – Ива ЈовановаИгор Јадровски