#ПетАлбумиЗаПоДома на Хана Корнети

Во рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома денеска ја имаме Хана Корнети. Таа е автор на книгите „Млечни заби“ и „Илина и шумските тролови“. За себе вели дека аматерски чачка музика и има мал албум што се вика „Голи песни“. Слуша и многу музика по дома.

Ова се изборот на Корнети, со нејзин краток уводник и осврт кон одбраните музички парчиња:

***

Испадна дека албумиве ги бирам на база на:

а. како ми паѓаа на памет
б. според тоа кои албуми ги имам во форма на цедиња, бидејќи тие најмногу сум ги слушала во целост

Исто така повеќето ми се „стари“ фаворити бидејќи деновиве повеќе слушам радио и плејлисти со измешани песни од разни музичари.

 

1.Mistki – The Land Is Inhospitable and So Are We (2023)

Одамна ја следам Митски, ама овој албум што излезе лани баш ме изненади, особено песната My Love Mine All Mine. Со елементи на прог рок (има некој Пинк Флојд момент дури, на почетокот) ама и поп (? ваљда, не знам баш жанрови) и во целина е неочекувана (од Митски) ама па уф. Пак нови, различни стилови, пак песни вадени од внатре ама мајсторски скоцкани. Албумот беше супер за во зима, веројатно е исто супер и во пролет. Ќе проверам деновиве.

2.Joni Mitchell – Both Sides Now (2000)

Истите песни, друга Џоуни. Кога си ги пуштив една по друга Both Sides Now како што ја пеела тогаш и како ја пее (во релативното) сега, како сијалица ми светна во глава што е тоа да се менува значењето (и на одреден начин, тежината) на зборовите со оглед на тоа во која доба од живот ги изустуваме.

3.Ray Charles – Greatest Hits/Best Оf  – некоја компилација (како таа од 1962)

Ве молам не ме распнувајте, ама некоја ваква варијанта многу слушавме со мајка ми, и дома и во кола на пат, кога бев мала. Се’ уште понекогаш погрешно си ги пејам текстовите, како тогаш што сум го толкувала. И да, повеќето џез цедиња и плочи ни се компилации (со неколку исклучоци).

4.Никола Коџабашија – Reveries of the Solitary Walker (2022)

Да, го имам цедето и често го пуштам на пат во кола. И е фантастично. Од пораните албуми на помладиот (од двајцата музичари) Коџабашија. Како концептуален албум, треба да се слуша од почеток до крај (како што си го пуштате Dark Side of the Moon). Случајно, темата од Ave Tatho (ако мора да имам омилена, еве оваа ми е од албумот) е искористена и во една песна во соработничкиот албум на Коџабашија со Фолтин, Penelope X. И тука ќе си направам мал чит и ќе го увалам и тој албум. Сите албуми на Фолтин ме бендисуваат, ама моќните пијано солоа на Kouros и To Whom Do You Belong Now секогаш ме потсеќаат на патот од Охрид до Св. Наум на лето.

5.Cat Stevens – Harold and Maude Soundtrack (1972)

Е ова не само што е албумОТ за по дома, туку ова човек треба да си го пушти баш во недела, и неделата ќе му стане токму она што една недела треба да биде.

За поздрав, на страна вината што ме јаде дека не сум спомнала Фиона Епл, Лора Марлинг, Ник Дрејк, Рејдиохед, Колдплеј (леле Don’t Panic 💘), Аманда Палмер, Били Холидеј, Суфјан Стивенс, Алан Парсонс Проџект, Пинк Флојд, Гонг итн, ќе кажам дека албумот на македонскиот бенд Мојра што сите со нетрпение го чекаме сигурно ќе ми биде омилен, само уште да го објават. Слушате ли, Јасна и Дарко?

***

Радио МОФ ја започна рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома со цел да се грижиме за општото културно и ментално здравје. Објавуваме по пет музички албуми, избор на разни личности, од различни профили и генерации, за да слушнеме нешто што не сме чуле, или да се навратиме на заборавени музички парчиња. Без жанровски ограничувања во изборот, старо или ново, туку споделуваме музика за секој ден, во секое време. Луѓето ни кажуваат кои пет албуми ги сакаат, и зошто ги сакаат.

Досега се објавени #ПетАлбумиЗаПоДома на:

Ѕвездан Георгиевски – Петар Антевски – Сара Цветкоска – Мартина Баракоска – Сара Миленковска – Златко Ѓелески – Горан Костовски – Индог – Драган Иванов – Druggy – Катериња – Милчо Манчевски – Калиа Димитрова – Ивана Маркоска – Tōkyō de Ville – Митко Гогов – Ерина Богоева – Јасмина Јонуз – Давид Николовски – Ива Јованова – Игор Јадровски – Горјан Јовановски – Христина Ѓорѓиевска – Никола Цанев – Цене – Ана Здравкова – Тони Димитров – Тина Иванова – Медина Хоџа – Маријан Зафировски – Ариф Адеми – Стефанија Тенекеџиева – Елена Пешевска – Ивановска – Дафина Шекутковска – Михаил Караколев – Михајло Мишко Грбевски – Биљана Стојановска – Ирина Јаневска – Марко Џамбазоски – Даниел Димитров – Теа Шалдева – Едис Кесаси – Стефан Видиков – Илија Ангелоски – Гиле – Михаил Петровски – Фросина Пармаковска – Димитар Димоски – Никола Јовановски – Маја Атанасова – Благица Петрова – Кристијан Караџовски – Ивана Настеска – Кристијан Петковски – Ана Голејшка Џикова – Борјан Гаговски – Иван Шопов – Калина Качоровска – Атанасија Гулевска-АТА – Мартин Анастасовски – Александар Бошков – Данче Ефтимова – Марина Савеска – Тамара Стојаноска – Филип Букршлиев – Катерина Иванова – Анте Гулин – Анастасија Саздовска – Димитар Тодороски – Бојана Низамовска – Дејан Василевски – Гето Руди – Горан Конев – Клаус – Леонида Гулевска – Бисера Атанасова – Иван Димишков-Димиш – Михаил Каровски-Натрикс – Анастасија Павловска – Бјанка Станковиќ – Ена Утевска – Александар Анѓелковиќ – Атанас Велковски – Јован Близнаковски – Маргарита Арсова – Кирил Колевски – Рамона Кочишка – Теодора СоколовскаАнгела Бошкоска

***