Младата визуелна уметница Христина Ѓорѓиевска одбра #ПетАлбумиЗаПоДома, со свој осврт кон музичките остварувања:
Случајно го открив овој бенд пред 4 години, и од тогаш овој албум ми е од особено значење, бидејќи целото течение е толку непредвидливо, и ме одржа четириесетина минути комплетно присутна со слухот. Поминав еден претежок период од мојот живот со нивната музика, а овој албум успеа да ме одржи во рамнотежа. Две песни од овој албум (Mario de Andrade-Selvagem и Auchma) ми беа и на рингтон. Знаеш дека некоја песна навистина ја сакаш кога нема да ти се смачи да ја слушаш нонстоп кога некој ќе те бара на телефон.
Албумов го слушнав зимово кога барав музика која е складна при вежбање јога. Не одговараше со тоа што го барав, туку беше нешто уште подобро. Фактот дека одреден тип на музика може психички да те смири, раздвижи, занесе или друго, ми е еден од најфасцинантните влијанија на музиката. Разговарав во една група на Facebook со останати љубители на музика за да ми „одгатнат“ во кој жанр би припаѓал овој албум, и дали може да ми предложат нешто слично, и за волја на вистината, никогаш не ми беа конкретно одговорени двете прашања. Мислам дека тоа премногу додава на автентичноста на овој изведувач и овој албум во целост.
3.Kraftwerk -Tour de France (2009)
Кога станува збор за електронска музика, не смее да се изостават пионерите без кои што денешната електронска музика немаше да има таква димензија. Овој албум иако не е еден од првите, мислам дека е одличен бидејќи повторно за разлика од музиката на други продуценти, никогаш не ме разочарал и дефинитивно ги нема тие повторливи атрибути што се популарни во овој жанр. Не за џабе се вели дека повторувањето знае да стане досадно.
4.Tame Impala – Innerspeaker (2010)
Еден постар албум со кој пораснав последниве 6 години, и е еден од тие специфични албуми каде што по самата насловна корица на албумот можеш да осетиш дека станува збор за слоевитa музика, а премногу додава на ова и самиот ехо ефект што го додаваат во одредени делови во песните, што само по себе навистина го менува карактерот на мелодијата.
5.Yazoo – Upstairs at Eric’s (1982)
Морам да признам, татко ми премногу ми влијаел на вкусот на музика, слушајќи ги сите хитови од осумдесеттите, а овој албум некако остана врежан во моето сеќавање. Овој албум го имам и на плоча, и дефинитивно морам да признам дека слушањето музика на грамофон отвара нови портали. Она зголемено користење на басот може да се каже дека е еден суштински елемент што треба секој хит во осумдесеттите да го содржи, а во овој албум баш совршено е и прикажан тој момент. Овој албум исто така е доказ дека синтисајзери не служат само за правење турбофолк музика.
– – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – –
Радио МОФ ја започна рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома со цел да се грижиме за општото културно и ментално здравје. Објавуваме по пет музички албуми, избор на разни личности, од различни профили и генерации, за да слушнеме нешто што не сме чуле, или да се навратиме на заборавени музички парчиња. Идејата е да дадеме смисла на времето во изолација, да го култивираме просторот со изданија што се „вртат“ по дома. Без жанровски ограничувања во изборот, старо или ново, туку чисто музика за секој ден, во секое време. Луѓето ни кажуваат кои пет албуми ги сакаат, и зошто ги сакаат.
Досега се објавени #ПетАлбумиЗаПоДома на:
Ѕвездан Георгиевски – Петар Антевски – Сара Цветкоска – Мартина Баракоска – Сара Миленковска – Златко Ѓелески – Горан Костовски – Индог – Драган Иванов – Druggy – Катериња – Милчо Манчевски – Калиа Димитрова – Ивана Маркоска – Tōkyō de Ville – Митко Гогов – Ерина Богоева – Јасмина Јонуз – Давид Николовски – Ива Јованова – Игор Јадровски – Горјан Јовановски