Игор Јадровски, дел од „направи сам“ музичкиот лабел Deny Records, одбра #ПетАлбумиЗаПоДома, со свој осврт кон музичките остварувања:
1.Have Heart – Songs To Scream At The Sun (2008)
Оваа стрејт еџ хардкор лектира е еден од моите омилени албуми и веќе 10-ина години стандардно се наоѓа на мојата плејлиста. Мелодичниот хардкор звук со неверојатно енергичниот вокал и силни пораки на Пет Флин, ќе ви потврдат дека ослободувањето на умот и срцето не можат да бидат ограничени со ниту еден полициски час и ограничување на движењето. Како што кажува самиот наслов, албумот е идеален за пуштање на најјако на тераса со првото утринското сонце.
Често знам да кажам дека Курчо (S.A.M.) го прави најраперскиот рап во земјава. Пркос е негово второ соло издание кое дефинитивно не сакате да го пропуштите. ЕP-то содржи 4 педантно спакувани песни кои прават една цела приказна. Песните се продукциски страшно добро стегнати, Курчо ја оставил душата во текстовите, а препознатливиот тетовски дијалект на којшто рапува само ја дополнува автентичноста на EP-то. 3.One Step Closer – From Me To You (2019)
Не, ова нема никаква врска со песната на Linking Park :) Станува збор за релативно нов стрејт еџ хадркор бенд кој доаѓа од Пенсилванија. Иако пред ова издание имаа, чинам, уште две EP-ја, сепак ова e изданието што „ги става нa мапата”. ЕP-то носи препознатлив Trible B Records звук, карактеристичен за новиот бран на бендови кои се обидуваат да го вратат хардкор звукот на легендарните стрејт еџ бендови како Have Heart и Turning Point. Страшно енергично и добро за играње и комбинирање со првиот предлог од листава.4.Brian Fallon – Local Honey (2020)
Фронтменот на еден од моите омилени панк-рок бендови The Gaslight Anthem има одлична соло кариера, a Local Honey е негов трет соло албум. Подгответе се за 30-ина минутен фолк панк звук проткаен со непоправливиот романтизам на Брајан, кој може да се почувствува и во песните на The Gaslight Anthem. За мене Фелон е еден од најдобрите текстописци и раскажувачи на приказни, па срдечно ве поканувам да му дадете шанса.5.Sinan Sakic & Juzni Vetar – Reci Sve Zelje (1985)
Океј, тука работите можеби стануваат малку скандалозни :))) Ама сите што ме познаваат, знаат дека имам слабост за балканскиот фолк. Сметам дека искрената и сирова емоција може да биде пренесена на разни начини, а маестро Синан дефинитивно го прави тоа на еден од подобрите. Оваа класика од златната екс-ју фолк ера oдлично легнува за време на карантинските викенди.
– – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – –
Радио МОФ ја започна рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома со цел да се грижиме за општото културно и ментално здравје. Објавуваме по пет музички албуми, избор на разни личности, од различни профили и генерации, за да слушнеме нешто што не сме чуле, или да се навратиме на заборавени музички парчиња. Идејата е да дадеме смисла на времето во изолација, да го култивираме просторот со изданија што се „вртат“ по дома. Без жанровски ограничувања во изборот, старо или ново, туку чисто музика за секој ден, во секое време. Луѓето ни кажуваат кои пет албуми ги сакаат, и зошто ги сакаат.
Досега се објавени #ПетАлбумиЗаПоДома на:
Ѕвездан Георгиевски – Петар Антевски – Сара Цветкоска – Мартина Баракоска – Сара Миленковска – Златко Ѓелески – Горан Костовски – Индог – Драган Иванов – Druggy – Катериња – Милчо Манчевски – Калиа Димитрова – Ивана Маркоска – Tōkyō de Ville – Митко Гогов – Ерина Богоева – Јасмина Јонуз – Давид Николовски – Ива Јованова