Рокенрол фанатикот, водител на радио-емисијата Guerrila Radio и професор по историја, Илија Ангелоски – Гиле обра #ПетАлбумиЗаПоДома, со свој осврт кон музичките остварувања:
Феноменален албум на скопскиот рок бенд Д.Н.О. Албумот ме потсетува на студентските денови, она кога ќе ти заврши сесијата и се спремаш за вечер во град, или за некој концертен настап во МКЦ, и ме потсеќа на девојките мои љубови, посебно песната „Sweet love“.
2.Suns – Мојот сон е само мој (1994)
Овој албум е враќање наназад на моите почетоци за музика, кога научив што е добра музика. Враќање на едно убаво Скопје, Скопје во деведесетти, па и култни места на Скопје, на „коцка“… Враќање на потрошените пари за касети од „Југотон“. Едвај чекав дедо ми и баба ми да земат пензија, па кога ќе ми дадеа пари – одма купував касети во „Југотон“, многу се соживував со тие моменти. Воспитано дете да слуша музика, да слуша панк, купував и „Sex Pistols“, „Prodigy“, „Bеаstie Boys“…
3.Smashing Pumpkins – Gish (1991)
Трети се Smashing Pumpkins со Gish, бидејќи сум дете на гранџот, односно гранџ генерација. Како што и самиот фронтмен Били Корган го опишува – ова е албум за духовно вознесение. Моќен вокал, моќни гитари, албум за слушање гласно, ама многу гласно, идеално за комшиии. Сум го пуштал на комшии коишто имаат вкус за малку понеубава музика од рокот, па најчесто е онаа „војна“ помеѓу рокенролот и цел тој кич и шунд.
4.Pekinshka Patka – Strah od monotonije (1981)
Втор нивен албум, југословенскиот нов панк бран. Се двоумев помеѓу нив и „Електрични оргазам“, она ривалство помеѓу новосадската сцена и белградската. Сепак се одлучив за Нови Сад и „Пекишка Патка“.
5.Toyah – Sheep Farming in Barnet (1979)
Албум на бендот Toyah предводен од пејачката Toyah Ann Willcox, објавен 1979. Инаку, го имам на плоча во мојата домашна колекција – пост панк њу вејв, идеално за размрдување. Инаку овој албум, како и претходниот на „Пекиншка патка“, ме потсетуваат на излегувањата во Скопската чаршија, „Менада“, „Ла Кања“ и сите тие журки, забави и заглавување до утрински зори.
– – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – –
Радио МОФ ја започна рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома со цел да се грижиме за општото културно и ментално здравје. Објавуваме по пет музички албуми, избор на разни личности, од различни профили и генерации, за да слушнеме нешто што не сме чуле, или да се навратиме на заборавени музички парчиња. Идејата е да дадеме смисла на времето во изолација, да го култивираме просторот со изданија што се „вртат“ по дома. Без жанровски ограничувања во изборот, старо или ново, туку чисто музика за секој ден, во секое време. Луѓето ни кажуваат кои пет албуми ги сакаат, и зошто ги сакаат.
Досега се објавени #ПетАлбумиЗаПоДома на:
Ѕвездан Георгиевски – Петар Антевски – Сара Цветкоска – Мартина Баракоска – Сара Миленковска – Златко Ѓелески – Горан Костовски – Индог – Драган Иванов – Druggy – Катериња – Милчо Манчевски – Калиа Димитрова – Ивана Маркоска – Tōkyō de Ville – Митко Гогов – Ерина Богоева – Јасмина Јонуз – Давид Николовски – Ива Јованова – Игор Јадровски – Горјан Јовановски – Христина Ѓорѓиевска – Никола Цанев – Цене – Ана Здравкова – Тони Димитров – Тина Иванова – Медина Хоџа – Маријан Зафировски – Ариф Адеми – Стефанија Тенекеџиева – Елена Пешевска – Ивановска – Дафина Шекутковска – Михаил Караколев – Михајло Мишко Грбевски – Биљана Стојановска – Ирина Јаневска – Марко Џамбазоски – Даниел Димитров – Теа Шалдева – Едис Кесаси – Стефан Видиков