#ПетАлбумиЗаПоДома на Ива Јованова

Ива Јованова од „ЕАСА Македонија“, дел од составот „Контакт 59“, одбра свои #ПетАлбумиЗаПоДома, со свој краток осврт кон музичките остварувања:

1.Yves Tumor –  Heaven to a tortured mind (2020)

Yves Tumor е музичар кој неодамна го открив барајќи нова музика на Spotify и го обожавам од прво слушање. Heaven to a tortured mind e неговиот најнов албум, штотуку излезен, свеж, преубави вокал, звучат ептен природно и лесно… текстовите се совршени и лично јас сум заљубена во четвртата песна од албумот, Kerosene!

2.Тhom Yorke – Anima (2019)

Anima според мене е  47-минутно ремек дело, заедно со истоимениот краток филм во кој главна улога е Thom… од прва до последна минута те носи на патување низ секое значење кое си го нашол во своите соништа за на крај да те разбуди полн со животна радост.

3.Zero 7 – Record (2010)

Не можев да одберам еден албум од Zero 7 J затоа го пишав Record кој е всушност компилација од минатите албуми. Zero 7 прават музика што инстантно се топи во секој момент, слушнете ја и песната Swimmers – ја објавија во 2019 и е прекрасна.

4.Boards of canada – In a beautiful place out in the country (2000)

Ова е кратко EP на Boards of Canada со преубаво име, вкупно 24 минути кои со еден збор би ги опишала како bliss или блаженство на македонски.

5.Nick Cave & the Bad Seeds – Push the sky away (2013)

Nick Cave е уметник со преубава темна длабочина, прешармантен. Се мислев помеѓу No more shall we part кој го имам добиено на подарок и ми е предраг албум и Push the sky away кој ми е врежан во многу убави спомени. Прв пат го слушнав во средно кога излезе албумот и од тогаш често му се навраќам како страница во дневник, пеењето и текстовите на Nick Cave ми имаат многу влијаено во начинот на кој ја доживувам музиката и ме имаат поттурнато креативно напред.

Други бендови/музичари кои премногу ме инспирираат се Warpaint, Lemolo и Radiohead; преважни за мојата музичка авантура и самосознавање, би напишала роман за сите нивни албуми, па затоа ги оставам на крај како една почесна забелешка.

– – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – –

Радио МОФ ја започна рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома со цел да се грижиме за општото културно и ментално здравје. Објавуваме по пет музички албуми, избор на разни личности, од различни профили и генерации, за да слушнеме нешто што не сме чуле, или да се навратиме на заборавени музички парчиња. Идејата е да дадеме смисла на времето во изолација, да го култивираме просторот со изданија што се „вртат“ по дома. Без жанровски ограничувања во изборот, старо или ново, туку чисто музика за секој ден, во секое време. Луѓето ни кажуваат кои пет албуми ги сакаат, и зошто ги сакаат.

Досега се објавени #ПетАлбумиЗаПоДома на:
Ѕвездан Георгиевски
Петар Антевски
Сара Цветкоска
Мартина Баракоска
Сара Миленковска
Златко Ѓелески
Горан Костовски – Индог
Драган Иванов – Druggy
Катериња
Милчо Манчевски
Калиа Димитрова
Ивана Маркоска
Tōkyō de Ville
Митко Гогов
Ерина Богоева
Јасмина Јонуз
Давид Николовски