#ПетАлбумиЗаПоДома на Јасмина Јонуз

Психологот Јасмина Јонуз одбра #ПетАлбумиЗаПоДома.

Јонуз e дел од Здружението за промоција на ментално и физичко здравје „Псинапсис“, а воедно заедно со Tactical Number, Dj Z, Orb и Datsy е коосновач на „Bass Lab“, организација за промоција на Drum’n’Bass култура.

Ова се нејзините #ПетАлбумиЗаПоДома, со осврт кон музичките остварувања:

1. Chase and status – RTRN II jungle (2019)
Дефинитивно мојот фаворит. Верувам дека многумина ќе се сложат дека овој албум направи бум на сцената и враќање на оној старошколски џангл звук во ново руво. Како што и самиот наслов кажува, Chase and status се враќаат кон џангл звукот, малку менувајќи го ритамот и вметнувајки јамајкански вокали во нивните траки. Chase and status се фаворити меѓу љубителите на бас уште од нивниот култен „More than alot“, a морам да споделам нивниот настап на Exit 2009 e одлучувачкиот настан со кој започна нашата музичка врска. Тука ќе го споменам и нивниот настап на Таксират годинава кој имавме можност целата екипа од „Bass lab“ заеднички да го проследиме. Супер беше чувството да се види тука цела македонска Drum’n’ bass сцена, овој настан го доживеав како едно одбележување на долгогодишната активност на сите оние кои се борат за одржување на Drum’n’ bass сцената.

2.Ragga bombs EP (2020)
Иако не е албум во вистинска смисла на зборот, морам да го споменам одличното EP од едицијата „Ragga bombs“, кое е одличен начин да го пробудите позитивното расположение во ова време/невреме. Интересен спој од мојот омилен jungle звук, со актуелниот „jump up“ правец. Слушајќи го ќе препознаете и чести ремикси на познати Drum’n’ bass траки, верувајте ми, чујте го, ќе имате одлична самоизолациска забава. Утрото деновиве го почнувам со ремиксот на „Feeling good“ со Jasmina Knight и денот ми е одличен!

3.Calуx and tebee – All or nothing (2012)
Одлично дуо со особен стил чии траки ќе го држат вашето внимание. Често во своите траки вметнуваат и рап вокали што мене особено ми се допаѓа бидејки рапот е меѓу моите омилени музички стилови. Навистина е тешко да се одвојат 5 омилени драменбејс албуми кога во комбинација има и артисти како Noisia, Dbridge, Sub focus, Rido, но поради разноликоста на нивниот албум решив да ги одвојам. Секако, имам биас бидејќи албумот ме потсеќа на времињата кога посетувавме фестивали во Чешка и тој ни беше забава во возовите.

4.High Contrast – Confidential (2009)
Исто така мој севременски фаворит. Траки како „If we ever“ и „Kiss kiss bang bang“ никогаш не здосадуваат. Оние што следат  верувам дека ќе се сложат дека опис за „High contrast“ не е потребен, а останатите ве охрабрувам да го чуете. Strongly recommended!

 

5.Kanine – Unleashed (2019)

Иако не слушам често „jump up“, последниот џокер го доделувам на Kanine поради актуелноста. Навистина, квалитетна добро продуцирана верзија на „jump up“. Започнете со неговата соработка со Friction – Your love, па доколку ви се допадне звукот расчепкајте низ неговите дела. Kanine е се уште нов и нема албум, па како компромис го споделувам ова EP издание, но верувам дека овој исклучок ќе ми го простите поради квалитетот кој го нуди. Од психолошки аспект, jump up е одличен за празење на негативни емоции, спорт, во изолациски денови макар и кардио по домот.

– – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – –

Радио МОФ ја започна рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома со цел да се грижиме за општото културно и ментално здравје. Објавуваме по пет музички албуми, избор на разни личности, од различни профили и генерации, за да слушнеме нешто што не сме чуле, или да се навратиме на заборавени музички парчиња. Идејата е да дадеме смисла на времето во изолација, да го култивираме просторот со изданија што се „вртат“ по дома. Без жанровски ограничувања во изборот, старо или ново, туку чисто музика за секој ден, во секое време. Луѓето ни кажуваат кои пет албуми ги сакаат, и зошто ги сакаат.

Досега се објавени #ПетАлбумиЗаПоДома на:
Ѕвездан Георгиевски
Петар Антевски
Сара Цветкоска
Мартина Баракоска
Сара Миленковска
Златко Ѓелески
Горан Костовски – Индог
Драган Иванов – Druggy
Катериња
Милчо Манчевски
Калиа Димитрова
Ивана Маркоска
Tōkyō de Ville
Митко Гогов
Ерина Богоева