Во рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома денеска ја имаме Катерина Иванова, студентка, регрутерка и активистка.
Ова се нејзините ПетАлбумиЗаПоДома, со нејзин осврт кон музичките парчиња:
* * *
1.Mazzy Star – She Hangs Brightly (1990)
Вечниот резидент на мојата топ три листа. Овој албум особено го обожавам бидејќи има одреден женски мистицизам кој ме тера да си го романтизирам животот и на секое ниво ми ја буди онаа преќутена женска солидарност. Ако некој ви пушта Мејзи Стар ваљда ве сака.
Југоносталгија албум, go-to албум за на слушалки и за во друштво. Нема што нема. Љубовта кон овој албум можам да ја доловам само преку едноставноста, а тоа е едноставно дека би го слушала во секое време.
3.Fleetwood Mac – Rumors (1981)
Како дел од генерација З, морам да му дадам почесно место на овој албум во мојата плејлиста и да напоменам дека не е целосен без Silver Springs, песна која иако била планирана за овој албум, не влегла во изборот. Стиви Никс е пример за женскиот гнев, а истовремено грижа. Стиви Никс е вештерката на нашата ера и сакам да бидам во нејзиниот coven.
4.Ethel Cain – Preacher’s Daughter (2022)
Овој албум би и го покажала на 15 годишната јас за да мисли дека сум кул. Ова е албумот што ми требаше кога бев тинејџерка (и сега, ама тогаш повеќе). А што повеќе може да и треба на тинејџерка од dream pop, doom metal, outlaw country, grunge и hair rock, спакувани во романтизирана хорор приказна?
5.Hayley Heyndrickx – I Need to Start a Garden (2018)
Ако Етел Каин е љубовно писмо до 15 годишна јас, Хејли е до 29-30 годишната јас. Ќе ми извините за сите возраст метафори, на роденден го пишувам ова.
* * *
Радио МОФ ја започна рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома со цел да се грижиме за општото културно и ментално здравје. Објавуваме по пет музички албуми, избор на разни личности, од различни профили и генерации, за да слушнеме нешто што не сме чуле, или да се навратиме на заборавени музички парчиња. Без жанровски ограничувања во изборот, старо или ново, туку споделуваме музика за секој ден, во секое време. Луѓето ни кажуваат кои пет албуми ги сакаат, и зошто ги сакаат.
Досега се објавени #ПетАлбумиЗаПоДома на:
Ѕвездан Георгиевски – Петар Антевски – Сара Цветкоска – Мартина Баракоска – Сара Миленковска – Златко Ѓелески – Горан Костовски – Индог – Драган Иванов – Druggy – Катериња – Милчо Манчевски – Калиа Димитрова – Ивана Маркоска – Tōkyō de Ville – Митко Гогов – Ерина Богоева – Јасмина Јонуз – Давид Николовски – Ива Јованова – Игор Јадровски – Горјан Јовановски – Христина Ѓорѓиевска – Никола Цанев – Цене – Ана Здравкова – Тони Димитров – Тина Иванова – Медина Хоџа – Маријан Зафировски – Ариф Адеми – Стефанија Тенекеџиева – Елена Пешевска – Ивановска – Дафина Шекутковска – Михаил Караколев – Михајло Мишко Грбевски – Биљана Стојановска – Ирина Јаневска – Марко Џамбазоски – Даниел Димитров – Теа Шалдева – Едис Кесаси – Стефан Видиков – Илија Ангелоски – Гиле – Михаил Петровски – Фросина Пармаковска – Димитар Димоски – Никола Јовановски – Маја Атанасова – Благица Петрова – Кристијан Караџовски – Ивана Настеска – Кристијан Петковски – Ана Голејшка Џикова – Борјан Гаговски – Иван Шопов – Калина Качоровска – Атанасија Гулевска-АТА – Мартин Анастасовски – Александар Бошков – Данче Ефтимова – Марина Савеска – Тамара Стојаноска – Филип Букршлиев
* * *