Кристијан Караџовски е ко-основач на „Кадар“, невладина организација во областа на истражувачко новинарство, документаристика и едукација.
Со „Кадар“, Караџовски како директор на фотографија работи на филмот „Професорот“, документарен филм кој го истражува несекојдневниот животен пат на Илија Џаџев – музичар, виртуоз на хавајска и класична гитара, писател, професор по географија.
Караџовски исто така е член на меѓународното Здружение на граѓани „Културно Ехо“ – Скопје. Организацијата активно учествуваше во процесот на ревитализација на напуштената сала „Партизан“ во Општина Карпош, воедно и донира архитектонско идејно решение.
Тој беше член на бендот „The Planktons“, и во тогашниот состав го снимаа сниглот со наслов СОН.
Ова се #ПетАлбумиЗаПоДома на Караџовски, со негов краток коментар за музичките остварувања:
1.Dialgo – Stranger Things (2017)
Супер албум, нешто што слушам периодов. Пример, две песни како ми поминува времето, т.е. би сакал да биде: Dialgo – Mahluta и Dialgo – Terres (ова е сингл). Да можев на нашиве „политичари“ да им подарувам песни, овие две им ги подарувам.
2.Charts and Maps – Dead Horse (2011)
Опасен албум. Првпат кога налетав на него на Youtube беше пред неколку години, имаше 214 прегледи, сега има 5.700 прегледи. Има една песна од нив што не можам да ја најдам на интернет со наслов: Charts and Maps – The Sheriff Suspects Arson.
3.Julian Lage & Chris Eldridge (2017)
Две среќни акустични гитари.
4.Gambardella – Benicarlo (2017)
Налетав на дечкиве на нивни live настап на еден интересен Youtube канал – „White Noise Sessions“.
5.DeepSet – The Lights We Shed Shall Burn Your Eyes (2008)
Имаше период кога лутав по сите жанрови, налетав на DeepSet, т.е. со нив започнав да го истражувам овој правец – post rock. Тежок албум, две гитари, бас и тапани, едноставни мелодии, зимски, може да биде супер за крај на денот, изгрејсонце или зајдисонце и така натака, или за кого како…
– – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – –
Радио МОФ ја започна рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома со цел да се грижиме за општото културно и ментално здравје. Објавуваме по пет музички албуми, избор на разни личности, од различни профили и генерации, за да слушнеме нешто што не сме чуле, или да се навратиме на заборавени музички парчиња. Првичната идеја беше да дадеме смисла на времето во изолација, но продолжуваме и по карантинот да го култивираме просторот со изданија што се „вртат“ по дома. Без жанровски ограничувања во изборот, старо или ново, туку чисто музика за секој ден, во секое време. Луѓето ни кажуваат кои пет албуми ги сакаат, и зошто ги сакаат.
Досега се објавени #ПетАлбумиЗаПоДома на:
Ѕвездан Георгиевски – Петар Антевски – Сара Цветкоска – Мартина Баракоска – Сара Миленковска – Златко Ѓелески – Горан Костовски – Индог – Драган Иванов – Druggy – Катериња – Милчо Манчевски – Калиа Димитрова – Ивана Маркоска – Tōkyō de Ville – Митко Гогов – Ерина Богоева – Јасмина Јонуз – Давид Николовски – Ива Јованова – Игор Јадровски – Горјан Јовановски – Христина Ѓорѓиевска – Никола Цанев – Цене – Ана Здравкова – Тони Димитров – Тина Иванова – Медина Хоџа – Маријан Зафировски – Ариф Адеми – Стефанија Тенекеџиева – Елена Пешевска – Ивановска – Дафина Шекутковска – Михаил Караколев – Михајло Мишко Грбевски – Биљана Стојановска – Ирина Јаневска – Марко Џамбазоски – Даниел Димитров – Теа Шалдева – Едис Кесаси – Стефан Видиков – Илија Ангелоски – Гиле – Михаил Петровски – Фросина Пармаковска – Димитар Димоски – Никола Јовановски – Маја Атанасова – Благица Петрова