Продуцентот Кристијан Петковски одбра #ПетАлбумиЗаПоДома.
Петковски својот издавачки полет го започна во 2010 година со психоделичниот транс проект InnerSelf, редејќи изданија за лабели како UAF, Cosmic Flower, Yo Sou, Neogoa, Rajas, Ovnimoon, Cosmodelica, Timewarp, Sting… Ова се куќи што под своја закрила имаат мелодични псајтранс артисти, но и гоа-транс продуценти.
Потребата од чилаут израз, меѓу другите, му донесе издание и за канадскиот лабел Altar.
Петковски продолжи да истражува со амбиентални и експериментални психоделични тематики, па се роди и проектот Far Beyond.
Во 2018, под етикетата на SpaceBaby, заедно со психоделичниот артист Zopmanika издадоа EP со колаборацискиот проект Etherеal Vision. Тоа е спојка на различни музички перспективи – во уникатно парче, но со претпознатлив македонски псајтранс белег.
Ова се #ПетАлбумиЗаПоДома на Петковски, со негов осврт кон музичките остварувања:
1.Pink Floyd – The Dark Side of the Moon (1973)
Да избереш омилен албум од Pink Floyd е скоро невозможно, но сепак се решив за „The Dark Side of the Moon“, најверојатно поради тоа што ми обележува еден период во животот кој беше еден вид пресвртница и формат на мозокот со кој се избриша се’ претходно слушано. Од денешна перспектива гледано, како продуцент, се восхитувам на работата што ја има направено Alan Parsons… Ништо во 70-те, па и многу години подоцна не звучело толку полно, живо, богато… ремек дело. Кога се’ тоа ќе се спои со генијалноста на членовите на бендот се добива токму ова – безвременски музички белег. Кога мислам псајкеделик – мислам Pink Floyd.
2.Astral Projection – Dancing Galaxy (1997)
Истото што важи за Pink Floyd важи и за нив – тешко е да се одбере за кој албум да се збори. Dancing Galaxy затоа што ми е првиот албум купен во животот, затоа што Astral Projection ми е првата журка во животот, далечната 2001 година на Скопски Саем, на 13 годишна возраст кога татко ми работел како обезбедување. „Дојди вечер со мене има некоја забава“ е реченицата што подоцна се покажа дека ми го смени животот. Како растев и дознавав повеќе за музиката – така сфаќав колку е овој албум и општо целата музика на Astral Projection вонземска. Мастрална продукција за тоа време, емоции, еуфорија – едноставно masterminds. И после 20 години Avi Nisim и Lior Perlmuter се хероите од моето детство.
3.Zolod – Deja Vu Fabrique (2006)
Ежење од самата помисла. Еден од најдлабоките албуми било кога создадени. Лектира за секој кој се пронашол во псајтранс приказната. Албум преполн со хармонија, емоции, албум што дише. Не се потребни зборови, а и тешко е да се најдат правите. Албум кој ме тера да мислам каде би му бил крајот на Viktor Zolotarenko да не си отидеше прерано. Must have албум.
Pure art. Албум кој може да ти ги размрда сите емоции. Генијалноста на Toоl во вистинско светло.
5.Younger Brother – A Flock of Bleeps / Last Days of Gravity (2003 / 2007)
Два албума, ама не можев да ги одвојам еден од друг. Simon Posford е приказна за себе во светот на електронската музика, дел од Shpongle, легендарниот проект Hallucinogen, како и основач на Twisted Records. И Hallucinogen и Shpongle сигурно би биле дел од оваа листа да имаше уште некое место, но овојпат се одлучив за проектот со Benji Vaughan. Два стилски различни албуми, но и двата ми оставиле посебен впечаток. Едноставно музика за сечие уво, музика за наутро, за навечер, за лето и зима. Школски пример за продукција. Се’ што ќе допре Симон се претвора во магија.
– – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – –
Радио МОФ ја започна рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома со цел да се грижиме за општото културно и ментално здравје. Објавуваме по пет музички албуми, избор на разни личности, од различни профили и генерации, за да слушнеме нешто што не сме чуле, или да се навратиме на заборавени музички парчиња. Првичната идеја беше да дадеме смисла на времето во изолација, но продолжуваме и по карантинот да го култивираме просторот со изданија што се „вртат“ по дома. Без жанровски ограничувања во изборот, старо или ново, туку чисто музика за секој ден, во секое време. Луѓето ни кажуваат кои пет албуми ги сакаат, и зошто ги сакаат.
Досега се објавени #ПетАлбумиЗаПоДома на:
Ѕвездан Георгиевски – Петар Антевски – Сара Цветкоска – Мартина Баракоска – Сара Миленковска – Златко Ѓелески – Горан Костовски – Индог – Драган Иванов – Druggy – Катериња – Милчо Манчевски – Калиа Димитрова – Ивана Маркоска – Tōkyō de Ville – Митко Гогов – Ерина Богоева – Јасмина Јонуз – Давид Николовски – Ива Јованова – Игор Јадровски – Горјан Јовановски – Христина Ѓорѓиевска – Никола Цанев – Цене – Ана Здравкова – Тони Димитров – Тина Иванова – Медина Хоџа – Маријан Зафировски – Ариф Адеми – Стефанија Тенекеџиева – Елена Пешевска – Ивановска – Дафина Шекутковска – Михаил Караколев – Михајло Мишко Грбевски – Биљана Стојановска – Ирина Јаневска – Марко Џамбазоски – Даниел Димитров – Теа Шалдева – Едис Кесаси – Стефан Видиков – Илија Ангелоски – Гиле – Михаил Петровски – Фросина Пармаковска – Димитар Димоски – Никола Јовановски – Маја Атанасова – Благица Петрова – Кристијан Караџовски – Ивана Настеска