Марко Џамбазоски од алтернативниот рок бенд „Визија“ одбра #ПетАлбумиЗаПоДома.
Освен што е музичар, Џамбазоски е и режисер и монтажер – автор на филмовите „Мизар – ѕвезда на надежта“ (2014) и „Црни и Криви“ (2018). Исто така, актер на Јутјуб каналот на „Флека“, екипа што снима видео скечеви.
Хоби му е фотографија и истражување на предели низ Македонија кои не се толку познати.
Ова се #ПетАлбумиЗаПоДома на Џамбазоски, со негов осврт кон музичките остварувања:
Првиот југословенски рок албум целосно на македонски јазик кој носи еден драстично нов звук на музичката сцена во СФРЈ. Албум и бенд кои силно влијаеле врз моето музичко созревање, а особено ми е драго што во 2014 година го снимив документарниот филм „Мизар – Ѕвезда на надежта“ кој ги обработува почетоците на групата и нивниот трнлив пат во кој од обичен гаражен бенд прераснуваат во еден од најзначајните регионални бендови.
2.Luna – Nestvarne Stvari (1984)
Периодов, веројатно понесен од моменталната состојба, најчесто на мојата плејлиста се наоѓаат бендови кои се жанровски категоризирани како dark-wave, па тука не би можел, а да не го спомнам албумот „Нестварне ствари“ на новосадскиот бенд Луна, кој за мене претставува ремек-дело. За жал, тоа е единствениот албум што овој бенд го снимил, но сепак е албум кој ги ставил меѓу најважните претставници на југословенската new wave сцена. Сметам дека Луна заслужуваат и многу поголемо внимание. Нивниот албум е меѓу моите најомилени од овој тип на музика, кој и моментално го преслушувам додека ја составувам оваа листа. :)
Kiss е првиот бенд кој ме навлече на рок музиката. Можеби веќе не ги слушам толку често како во тинејџерските години, но ете, очекувајќи ова лето за прв пат да ги гледам во живо и да го остварам тој ,,детски” сон, периодов многу пати си го наоѓаат местото на мојата плејлиста. Покрај тоа што овој бенд извршил влијание врз мене да почнам да се занимавам со музика, KISS индиректно се виновници и за постоењето на многу мои драги бендови, чии членови, на сличен начин како мене запливале во музичките води. Motley Crue, Nirvana, Pearl Jam, Dream Theater, Soundgarden, Alice in Chains, W.A.S.P., Slipknot се само дел од овие звучни имиња, кои без Kiss, можеби не би постоеле или пак би звучеле сосема поразлично.
Албумот Psycho Circus кој го поставив на оваа листа, веројатно и не е нивниот најуспешен, но за мене е еден од помоќните кој вреди да се преслуша.
4.Joy Division – Unknown pleasures (1979)
Joy Division се дефиниција за тоа што значи идеја и иновација во музиката, а албумот „Unknown pleasures“ остава голема трага во музичката историја и врши огромно влијание врз уметничкиот пристап, не само на музичарите, туку и пошироко. Тоа е еден од оние албуми кои е тешко да ми здосадат, а со секое ново слушање го доживувам на различен начин.5.Bauhaus – Crackle (1998)
Бенд кој прв пат почнав да го слушам пред некои 6-7 години откако после еден наш настап, некој ми рече дека музиката на Визија го потсетувала на Bauhaus. Тој коментар ме заинтересира. Никогаш претходно не сум им дал вистинска шанса на Bauhaus, па решив убаво да ги преслушам. Иако, не ја најдов сличноста со нашата музика, овој бенд, од тој момент влезе во мојата папка на омилени бендови.
– – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – –
Радио МОФ ја започна рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома со цел да се грижиме за општото културно и ментално здравје. Објавуваме по пет музички албуми, избор на разни личности, од различни профили и генерации, за да слушнеме нешто што не сме чуле, или да се навратиме на заборавени музички парчиња. Идејата е да дадеме смисла на времето во изолација, да го култивираме просторот со изданија што се „вртат“ по дома. Без жанровски ограничувања во изборот, старо или ново, туку чисто музика за секој ден, во секое време. Луѓето ни кажуваат кои пет албуми ги сакаат, и зошто ги сакаат.
Досега се објавени #ПетАлбумиЗаПоДома на:
Ѕвездан Георгиевски – Петар Антевски – Сара Цветкоска – Мартина Баракоска – Сара Миленковска – Златко Ѓелески – Горан Костовски – Индог – Драган Иванов – Druggy – Катериња – Милчо Манчевски – Калиа Димитрова – Ивана Маркоска – Tōkyō de Ville – Митко Гогов – Ерина Богоева – Јасмина Јонуз – Давид Николовски – Ива Јованова – Игор Јадровски – Горјан Јовановски – Христина Ѓорѓиевска – Никола Цанев – Цене – Ана Здравкова – Тони Димитров – Тина Иванова – Медина Хоџа – Маријан Зафировски – Ариф Адеми – Стефанија Тенекеџиева – Елена Пешевска – Ивановска – Дафина Шекутковска – Михаил Караколев – Михајло Мишко Грбевски – Биљана Стојановска – Ирина Јаневска