#ПетАлбумиЗаПоДома на Милчо Манчевски

Режисерот Милчо Манчевски одбра #ПетАлбумиЗаПоДома.

Манчевски е и сценарист, писател, предавач и фотограф, а остави белег во македонската и светската кинематографија со филмски дела како „Пред дождот“, „Прашина“, „Сенки“, „Мајки“, „Бикини Мун“ и минатогодишниот „Врба“.

Ова е неговиот музички избор во рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома, со неколку кратки коментари за музичките остварувања:

1.Nicolas Jaar – Cenizas (2020)
Излезе пред три дена. Не се расфрлам со зборот гениј, ама Николас Џар е добар. Ти буди радост, како Пина Бауш, како Раушенберг, како Матис, како Бах.

2.J.S.Bach  – The Goldberg Variations – Glenn Gould (1955) и (1981)
Споредете ги двете изведби на Голдберг варијациите, Глен Гулд, во 1955 и 1981, секоја маестрална на свој начин.

3.James Brown – Sex Machine (1970)

4.Kraftwerk  – Tour de France Soundtracks (2009)
Немаат една нота промашено во 40 години.

5.Best of Asha Bhosle
Веселото гласче зад боливудскиот лип-синк.

Бонус, пет синглови:
The Temptations – Papa Was a Rolling Stone:
https://www.youtube.com/watch?v=pJV2pWFyfn4
The Rolling Stones – Sympathy For The Devil
Speaking of The Rolling Stones (with cool animation of even cooler lyrics – тие приватни основни школи се исплателе):
https://www.youtube.com/watch?v=GgnClrx8N2k
Nusrat Fateh Ali Khan – Tumhe Dillagi:
https://www.youtube.com/watch?v=IV-MKtSOZNY
Tom Jones – Delilah:
Драма, страст, љубомора, заплет, убиство – цела опера во три минути. Delilah:
https://www.youtube.com/watch?v=8a_T3U1rg2I
Nicolas Jaar – And I Say:
https://www.youtube.com/watch?v=ZefEJO4uetM

– – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – –

Радио МОФ ја започна рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома со цел да се грижиме за општото културно и ментално здравје. Објавуваме по пет музички албуми, избор на разни личности, од различни профили и генерации, за да слушнеме нешто што не сме чуле, или да се навратиме на заборавени музички парчиња. Идејата е да дадеме смисла на времето во изолација, да го култивираме просторот со изданија што се „вртат“ по дома. Без жанровски ограничувања во изборот, старо или ново, туку чисто музика за секој ден, во секое време. Луѓето ни кажуваат кои пет албуми ги сакаат, и зошто ги сакаат.

Досега се објавени #ПетАлбумиЗаПоДома на:
Ѕвездан Георгиевски
Петар Антевски
Сара Цветкоска
Мартина Баракоска
Сара Миленковска
Златко Ѓелески
Горан Костовски – Индог
Драган Иванов – Druggy
Катериња