Студентот на ФЕИТ, дел од „Младите можат“ и млад активист што учествуваше во активности на Fridays for future, Никола Јовановски одбра #ПетАлбумиЗаПоДома.
Откако се формираа Факултетските студентски собранија (ФСС), Јовановски е претседател на Комисијата за животна средина на ФСС на ФЕИТ.
Ова се #ПетАлбумиЗаПоДома на Јовановски, со негов осврт кон музичките остварувања.
1.Sad Wizard Vibes – Critical Role LoFi (2019)
Овој слот го избрав за најсмиреното од најсмиреното. Lo-fi, инструментални и сите нијанси на мирно измеѓу. Тука се Justice Der – Covers, што се инструментални преработки на популарни песни и се исклучително добри, Sámi Eatnan Duoddariid што не е албум, ама е многу јака Сами песна, Jinsang-Life што е покласична „мирна“ музика и ми е една од омилените или па FloFilz – Transit, што има прекрасна ритмичност. Малку ми е ко омилено дете да бирам, ама во фокус го одбрав Sad Wizard Vibes – Critical Role LoFi. Не е до толку тажно, го одбрав бидејќи ме потсеќа на едно од моите омилени прибежишта при зголемен стрес: Dungeons & dragons. Албумов има исечоци од серија кај што луѓе играат d&d и моментално е паузирана поради ситуацијата, па убаво ми е да имам потсетување на едно од омилените прибежишта. И играњето d&d е покомплицирано поради околностите, па ми доаѓа како убаво потсетување.
2.Anti-Lilly & Phoniks – It’s Nice Outside (2017)
Генерално албумите на Anti-Lilly & Phoniks ми се прекрасни, дека се синтеза на хип-хоп и lo-fi, само повеќе накај хип-хоп од lo-fi :)) Чувствата што ми ги буди се некако смирен контролиран хаос. Нормално, можеш да го слушаш кога било, ама мене ми е убаво да го слушам кога сум во некоја меѓу-состојба. Пример кога одам накај некоја битна обврска, или кога размислувам како да решам некоја задача. Многу ми е соодветно за некоја ситуација каде сум возбуден и да не го негира тоа, ама да му даде донекаде структура.
3.JuJu Rogers – 40 Acres N Sum Mula (2019)
Има повеќе хип-хоп албуми што би можел да ги излистам, посебно бидејќи така обично сакамд да консумирам хип-хоп. Тоа е дека, посебно ако уметникот е добар текстописец може да има многу убаво патешествие низ албумот, како to pimp a butterfly, good kid maad city, flower boy, malibu, revenge of the dreamers III, forest hill drive и така многу натаму. Го избрав 40 Acres N Sum Mula прво дека Juju Rogers е помалку познат од артистите на другите набројани албуми па надежно неколку нови луѓе ќе ја имаат убавината да го слушнат за прв пат. Ова е албум кој мора да го уживам, да го слушам барем делумно со фокус и да не правам захтевна друга работа. Бидејќи пее за зимзелени теми како идентитет, правда и тн. и некако мора да го испочитувам текстот. Некои од темите за жал се актуелизирани поради убиството на Џорџ Флојд.
Овој избор ми иде пак нова нијанса на смирен хаос, тука ми влага пост рок, инди рок, панк не знам што и други жанрови што не сум учен доволно за да ги знам по име. Ама тука влагат Молчат Дома – Этажи, што е прејак источно-европски пост панк, Foo Fighters ми се омилен бенд, па кој било нивни албум, Mogwaii, cigaretes after sex, Black Hill & Silent Island – Tales of the night forest е многу убав, ама на сликичка стои го избрав првиот албум на the xx, xх. Многу одамна ми е убав албумов. Не е толку носталгичност, колку кога и да му се вратам едноставно ми е добар и убав. Често некои евергрин песни се слушаат преку малку розев меланхоличен филтер, ама за мене XX ми се повеќе од тоа (или помалку нз). Тие ми се музика што можам да седнам да ја слушам скоро кога било и да ми се допаѓа без многу драма.
5.Buč Kesidi – Euforija (2019)
Ова е категорија што можеби малку се зафркнав што ја избрав, дека малку е општа ама и дека многу од претходните работи би припаѓале. Тука сакав да ставам песни кои ме тераат да денсам како никој да не ме гледа, дека никој не ме гледа само тогаш би денсал реално. Некогаш овие ги знаеме како „периодични“, песни и албуми за кои сме многу возбуени во опсег од неколку дена или неколку недели, а често овие периоди се повторуваат. Песни и албуми кои се искрено забавни, можеби имаат многу длабочина, ама повеќе ги слушам да им се препуштам без отпор. Тука би иделе Foo Fighters, 90’s Underground Hip Hop – Rare & Real, има милион вакви ама од нив ова ми е омилен, Soft Animals од Sofi Tukker, Bernays Propaganda, Arctic Monkeys, Doja Cat и нели многу други. Во спотлајт одлучив да го ставам Buč Kesidi – Euforija. Некако се провлекува често како албум за крајот на денот, за „доста за денес, а?“ момент. Генерално ми треба малце да се аклимизирам на журки, сега уште повеќе, ама ова е топ журка за сам во соба.
– – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – –
Радио МОФ ја започна рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома со цел да се грижиме за општото културно и ментално здравје. Објавуваме по пет музички албуми, избор на разни личности, од различни профили и генерации, за да слушнеме нешто што не сме чуле, или да се навратиме на заборавени музички парчиња. Првичната идеја беше да дадеме смисла на времето во изолација, да го култивираме просторот со изданија што се „вртат“ по дома. Без жанровски ограничувања во изборот, старо или ново, туку чисто музика за секој ден, во секое време. Луѓето ни кажуваат кои пет албуми ги сакаат, и зошто ги сакаат.
Досега се објавени #ПетАлбумиЗаПоДома на:
Ѕвездан Георгиевски – Петар Антевски – Сара Цветкоска – Мартина Баракоска – Сара Миленковска – Златко Ѓелески – Горан Костовски – Индог – Драган Иванов – Druggy – Катериња – Милчо Манчевски – Калиа Димитрова – Ивана Маркоска – Tōkyō de Ville – Митко Гогов – Ерина Богоева – Јасмина Јонуз – Давид Николовски – Ива Јованова – Игор Јадровски – Горјан Јовановски – Христина Ѓорѓиевска – Никола Цанев – Цене – Ана Здравкова – Тони Димитров – Тина Иванова – Медина Хоџа – Маријан Зафировски – Ариф Адеми – Стефанија Тенекеџиева – Елена Пешевска – Ивановска – Дафина Шекутковска – Михаил Караколев – Михајло Мишко Грбевски – Биљана Стојановска – Ирина Јаневска – Марко Џамбазоски – Даниел Димитров – Теа Шалдева – Едис Кесаси – Стефан Видиков – Илија Ангелоски – Гиле – Михаил Петровски – Фросина Пармаковска – Димитар Димоски