Mузичарката од Скопје, Теа Шалдева одбра #ПетАлбумиЗаПоДома.
Шалдева континуирано работи на својот соло проект под псевдонимот Galatheia. Самостојно го има издадено албумот Метропол (2017), како и многубројни EP-а и синглови, и има учествувано на неколку компилации и остварено мноштво колаборации.
Претходно беше член на гаражни бендови во средношколските денови и на PMG Kolektiv на албумите #ExYou (2015) и PMG Kolektiv Skopje (2017).
Ова се #ПетАлбумиЗаПоДома на Шалдева, со нејзин осврт кон музичките остварувања:
48-минутната меланхолична ода на радоста наречена Pygmalion ме потсетува на најпријатниот вид осаменост и честопати ми бил сосема доволно друштво за тонење во сон – вистински или замислен. Веројатно еден од моите најслушани албуми по дома, ми беше прва асоцијација на оваа тема. Ги затвораш очите и нежно патуваш низ терените на некој свој магичен и сосема спокоен свет.
2.Амбиенталните албуми на Brian Eno (примери 1 2 3)
Од некоја причина, цел живот се мачам со несоница. Ужасна состојба за која обично, најелегантно решение ми дава господинот Brian Eno со неговиот навистина магичен ум. Секогаш ме воодушевува, колку со интензитетот, толку и со нежноста. Не би ни навлегувала во разговори за единствената продукциска совршеност на неговите звуци. Неговото влијание врз текот на модерната музика е преголемо и за да изберам само еден албум.
3.Anastasia – Nocturnal (1996)
Anastasia се неоспорно генијални, но Nocturnal заслужува посебна соба во моето срце, најмалку заради квантитетот на преслушувања, а повеќе заради будењето на еден нов мал култ на љубовта кон музиката кога сосема случајно ми падна во раце на мои 14 години. Маѓепсано го слушав и мантрично шетав низ неговите сонични висини и низини. Секогаш присутен во мојот домашен саундтрак.
Каков состав, каква музика! Ќе си речеш дека 6 часа и 42 минути материјал сигурно ќе станат досадни и излитени во некој момент, но ужасно ќе погрешиш. Како Underworld да постигнале некоја нова состојба на свесност кога од нив тече музика, како да творат од внатрешноста на нивни мал специјален розов облак каде што постои вистинска, неприкосновена слобода која ја опеваат во која форма и да им дојде. Жанрови? Што е тоа?
5.Psychic TV – Trip/Reset (1996)
Кој ли албум попрво да се избере од широкиот опус на бендот на Genesis P-Orridge, една од вистинските ѕвезди на човештвото која неодамна не напушти. Би го препорачала целокупниот негов труд, во сите негови инкарнации, но за потребите на оваа рубрика ќе го посочам Trip/Reset. Интимен, камерен и шашав, совршен за контемплација и уживање. Да живее Genesis!
Дополнителен албум од израелското дуо, излезен е на 9 мај, така што, уште го преслушувам и мислам дека е супер.
– – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – –
Радио МОФ ја започна рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома со цел да се грижиме за општото културно и ментално здравје. Објавуваме по пет музички албуми, избор на разни личности, од различни профили и генерации, за да слушнеме нешто што не сме чуле, или да се навратиме на заборавени музички парчиња. Идејата е да дадеме смисла на времето во изолација, да го култивираме просторот со изданија што се „вртат“ по дома. Без жанровски ограничувања во изборот, старо или ново, туку чисто музика за секој ден, во секое време. Луѓето ни кажуваат кои пет албуми ги сакаат, и зошто ги сакаат.
Досега се објавени #ПетАлбумиЗаПоДома на:
Ѕвездан Георгиевски – Петар Антевски – Сара Цветкоска – Мартина Баракоска – Сара Миленковска – Златко Ѓелески – Горан Костовски – Индог – Драган Иванов – Druggy – Катериња – Милчо Манчевски – Калиа Димитрова – Ивана Маркоска – Tōkyō de Ville – Митко Гогов – Ерина Богоева – Јасмина Јонуз – Давид Николовски – Ива Јованова – Игор Јадровски – Горјан Јовановски – Христина Ѓорѓиевска – Никола Цанев – Цене – Ана Здравкова – Тони Димитров – Тина Иванова – Медина Хоџа – Маријан Зафировски – Ариф Адеми – Стефанија Тенекеџиева – Елена Пешевска – Ивановска – Дафина Шекутковска – Михаил Караколев – Михајло Мишко Грбевски – Биљана Стојановска – Ирина Јаневска – Марко Џамбазоски – Даниел Димитров