Илјадници луѓе ја потпишаа интернет-петицијата со која се бара да му се забрани на Kanye West да сними албум во чест на неодамна починатиот David Bowie, јавуваат медиумите.
Петицијата, со наслов „Запрете го Kanye West да сними кавери на музиката од David Bowie“ за помалку од 24 часа ја потпишале околу 8.500 луѓе, иако нема официјална информација дека Kanye West воопшто има сериозна намера да сними ваков албум.
Приказната потекна од текст објавен во весникот Daily Star, во кој се тврди дека Kanye подготвувал верзии на песните „Rebel Rebel“ и „Heroes“ и се цитира неименуван извор, кој вели дека на некои песни Kanye рапувал врз музиката на Bowie.
David Bowie was one of my most important inspirations, so fearless, so creative, he gave us magic for a lifetime.
— KANYE WEST (@kanyewest) January 11, 2016
Според основачите на петицијата, на Kanye не би требало да му се дозволи да го сними овој албум.
„David Bowie беше еден од најважните музичари на 20-от и на 21-от век, би било сквернавење да се дозволи тоа да го уништи Kanye West“, пишува на страницата на петицијата.