„Girls in Tech Paris“ и оваа година организира „Lady Pitch Night“, настан на кој стартап комапнии со жени-основачи можат да се претстават пред европската стартап сцена.
Оваа година, сите технолошки стартапи од 6 до 36 месеци, со седиште во Европа и со барем една жена во основачкиот тим, можат да аплицираат за учество, најдоцна до 31 јули. Избраните финалисти ќе имаат можност да го презентираат нивниот стартап пред панел од добро познато жири кое вклучува експерти, инвеститори и претприемачи во Париз, за што патните трошоци се покриени од организацијата.
Сите финалисти ќе добијат бесплатни билети за најголемитe конференции низ Европа. Во 2014, Web Summit, LeWeb, TechCrunch Disrupt, The Next Web, DLD и The Europas обзбедија билети за финалистите да го промовираат и поддржуваат присуството на жените на технолошките конференции.
Lady Pitch Night е најголемиот европски натпревар за стартапи основани од жени, кој се одржува веќе пет години. Настанот, огранизиран од Girls in Tech Paris во партнерство со компанијата Orange, преку нивниот стартап акцелератор OrangeFab France, Raise иCriteo, има за цел да ја зголеми видливоста на жените претприемачи и да охрабри диверзитет во технолошката индустрија.
Girls in Tech Paris го организираше првиот Lady Pitch Night во Франција во Јануари 2011. Во 2013, настанот отвори апликации за цела Европа. Во 2014, над 200 стартапи од 22 држави се пријавија. Финалистите од минатата година се Gemmyo (Франција), Cortechs (Ирска), Fojo.me (Хрватска), Cocofarm (Бугарија) иEasySize (Данска), победникот – кој автоматски се квалификува во стартап натпреварот на партнерскиот настан LeWeb, каде што освои второ место. Експертското жири им честиташе на финалистите, а составено од: Mike Butcher (TechCrunch), ReshmaSohoni (Seedcamp), Brenda O’Connell (Twitter), Joanna Shields (TechCityUK), NeelieKroes (European Commission) и Sheryl Sandberg (Facebook).
Girls in Tech е интернационална непрофитна организација која се обидува да ја поттикне видливоста на жените кои работат во технолошката и стартап индустрија. Мрежата беше формирана во 2007 од страна на Adriana Gascoigne и има над 50 гранки низ целиот свет. ВоЕвропа, Girls in Tech има 8 гранки: во Франција, Велика Британија, Шпанија, Италија, Луксембург, Холандија, Романија и Македонија.
Girls in Tech Macеdonia неодамна започна со своите активности преку Local Ambassadors Hunt кампањата, а за следниот период најавуваат настани од глобалната програма на Girls in Tech, какошто е и Lady Pitch Night кој веќе успешно се организира на повеќе локаци во светот.