На Денот на човековите права 2021 година се отвора петтиот регионален конкурс за краток расказ „Бибер“.
Кратки раскази можe да праќаат авторки и автори кои пишуваат на албански, македонски, босански, црногорски, хрватски или српски јазик; афирмирани автори, како и оние кои досега немаат објавувано.
Како теми на овогодишниот конкурс, покрај расказите кои го тематизираат помирувањето во контекст на наследството на војните и насилството во земјите од поранешна Југославија, во предвид доаѓаат и раскази што можат да придонесат кон подобро разбирање меѓу луѓето, кон намалување на омразата и разградување на предрасудите, антивоени раскази, раскази што се занимаваат со соочување со минатото, со разградување на сликата за непријателите, со сочувство за другите, храбри раскази што се осмелуваат да влезат во „непријателска“ кожа, раскази што ги поместуваат границите и ни отвораат пат да градиме поизвесна, побезбедна и послободна иднина за сите.
Конкурсот е отворен до 1. јуни 2022 година.
Авторите/ките на трите најдобри раскази ќе бидат наградени со парични награди:
1. награда 800 евра
2. награда 600 евра
3. награда 400 евра
Најмалку дваесет избрани дела ќе бидат објавени во повеќејазичен зборник. Жирито го сочинуваат Лејла Каламујиќ, Калина Малеска и Оља Савичевиќ Иванчевиќ. Одлуката на жирито ќе биде објавена кон средината на ноември 2022 година.
Конкурсот го организира тимот на „Бибер“ со поддршка на Центарот за ненасилна акција Сараево – Белград.
„Бибер“ е книжевно-активистички тим формиран околу идејата дека уметноста може да ја инспирира општествената промена.
Повеќе детали за конкурсот, правилата и начинот на пријавување можете да најдете на следниов ЛИНК.