На 27 август, во тетовското село Лешок ќе се одржи јубилејното, петто по ред издание на традиционалниот фестивал „Амнезија“ со кој ќе се означи крајот на летото и враќањето на секојдневните обврски.
Со целовечерен концерт ќе настапат милениците на публиката „Нокаут“, а загревањето на публиката ќе биде со „SheXpeare“ и „ConTruDj“ (Zoki Conga, Dadoni Trumpet и Dj Mikar) и GrooveON.
Организаторот, „Горила продукција“ очекува добра посетеност и годинава, а билетите се со цена од 200 денари.