Утре (2 декември) со почеток во 20 часот во Менада ќе се одржи петото издание на поетскиот настанот „Астални проекции“.
Концептот на настанот останува ист, а учесниците ќе читаат поезија во три круга, односно во првите два круга учесниците ќе читаат своја поезија, додека во третиот се чита поезија од друг автор.
Ова се дванаесеттемина „асталџии“ за во декември:
Владимир Мартиновски
Гордана Јовиќ-Стојковска
Тихомир Јанчовски
Искра Донева
Владимир Лукаш
Јана Нарајана
Маријана Јанческа
Дејан Ставрески
Јана Колева
Рина Weasley Јанкуловска
Симона Петровска
Марјан Китановски
Гости на настанот се Никстер и Тома.
„Повелете на асталот заедно да замезиме поезија!“, порачуваат од „Астални проекции“.