Од 20 до 24 јули во Охрид ќе се одржи петтото издание на Фестивалот на нов европски филм „Beach Film Festival“.
Фестивалот ќе се одржи на четири локации, односно на плажата „Славија“, Музејскиот културен центар „Лапидариум“, амфитеатарот на црквата „Св. Софија“ и на бродот „Армада“.
Истовремено, од „Beach Film Festival“ го најавија и тричленото жири, Срѓан Драгојевиќ, Фред Келемен и Кавех Захеди кое ќе одлучува за наградите „Голем бран за најдобар долгометражен филм“.
Отворањето на фестивалот ќе се одржи на амфитеатарот на „Св. Софија“ на 20 јули со почеток од 20 часот и 30 минути. За време на целиот настан предвидени се филмски проекции, музички настапи и работилници.