„PMG Recordings Festival“ по петти пат ќе се одржи во Сектор 909, на 27 јуни. Како што најавуваат од колективот, на фестивалот и годинава ќе може да се проследат настапите на дел од најактуелните македонски музичари од инди рок и електронската сцена.
На фестивалот покрај „PMG Kolektiv“, ќе настапат „The Jonn“, „Millko“, „Robotek“, Видиновски и Нино Наумов.
„PMG Recordings festival e сонична евокација на праисконските музи на новото време.
PMG Recordings Festival е прослава на современата македонска музика и култура.
PMG Recordings Festival е автентичен скопски изблик, бидејќи во Скопје улиците пеат“, се наведува во поканата за фестивалот.
Бендот „PMG Kolektiv“ во текот на оваа седмица ја најави својата мини турнеја низ Хрватска и Словенија, како и нивните настапи на летните фестивалите во Умаг и Крањ.