Петтото издание на „Trash FashionMacedonia 2015“ ќе се одржи во среда, на 3 јуни во Младинскиот Културен Центар во Скопје. Почетокот на манифестацијата е најавен во 17 часот.
Trash Fashion Macedonia e натпревар на модни креации изработени со редизајнирани материјали од отпад, кои годинава ги изработија тимови од 50 средни училишта во Македонија. Оваа година за прв пат, Trash Fashion Macedonia го поддржаа четири познати македонски дизајнери Ирина Тошева, Јована Филиповиќ, Драган Христов – Лудус и Билјана Клекачкоска кои изработија шапки со реупотреба на материјали кои ќе бидат изложени на настанот.
Оваа година прво,второ и трето место ќе додели тричленото жири во состав: Катарина Штокер-заменик директор за соработка во Швајцарска Агенција за обнова и развој, Андреј Георгиевски – моден дизајнер и костимограф на популарната детската тв серија 5+ и Катерина Трајановска– моден новинар и коосновач на Stylist.mk, сајт за мода и животен стил.
Trash Fashion Macedonia2015 се оддржува по повод 5-ти jуни- Светскиот ден на животната средина и целта на овој настан е подигнување на општествената свест за зачувување на природата и намалување на отпадот преку негова реупотреба.
Trash FashionMacedonia е во организација на „Здружението на граѓани ОХО,“ и e дел од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем,“ која се реализира во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за образование и наука на Република Македонија.