Пингвините ги посетија рибите од празниот аквариум

Пингвините во Аквариумот „Шед“ се обично оние кои се посетувани од големиот број на туристи. Но, пред неколку дена, тие доживеале како е да се биде од другата страна на стаклото.

Аквариумот „Шед“ бил затворен поради коронавирусот, па на неколку пингвини им било дозволено да го напуштат своето живеалиште и да го истражат аквариумот.

„Без посетители во зградата, негувачите во аквариумот станааа креативни во начините за нега преку нови искуства, активности, нов режим на исхрана, поттик за истражување, решавање на проблеми и природни однесувања“, истакнале од аквариумот за „Чикаго трибјун“.

На својот „Твитер“ профил, аквариумот сподели видео од пингвинот Велингтон, додека тој ги запознава амазонските риби.

 

Извор: CNN