Како гости од Германија, вечерва во кумановскиот „Валхала“ ќе свират „Pinoreks“.
Организаторите велат дека се формирани пред скоро 25 године (во 1999), до сега имаат (само) 4 албума издадено, а нивната музика варира од некој панк-рок на први изданија до пост-панк на последните.
„На балкан ќе имав само 2 наступа: ќе свирив у Софију (хехе) на DIY MAYDAY FEST 2023 и у Куманово, такој да можемо да кажемо дека ќе имамо ексклузиван концерт“, соопштуваат организаторите од Куманово.
Истиот ден, делумно доаѓааат на гости и „Vagina Corporation“.
„Доваѓав од много по блиско – Скопје, а имав и локалца у бенд, такој да можев да се осеќав како дома (хехе). Иначе, работи се за проект на Лука Јованоски, младич од Скопје што свири и у Луфтханза, Cut Your Nipple, Дивоградба итд. Vagina Corporation музички идев од краут рок и прото панк, до гаражан рок и пост-панк“, стои во најавата.