Еден од најголемите издавачи на научни материјали, „Елсевир“, ја доби судската одлука на 21 јуни против веб-страниците кои обезбедуваат незаконски пристап до десетици милиони истражувачки студии и книги. Судот во Њујорк го награди „Елсевир“ со 15 милиони долари за повреда на авторски права од страниците Sci-Hub и LibGen.
Во октомври 2015 година, судијата Роберт Свит пресуди дека сајтовите ги кршат американските закони за авторски права. Судот одлучи привремена забрана за операторите на сајтовите, кои и покрај тоа, продолжија да обезбедуваат неавторизиран бесплатен пристап до содржините. Александра Елбакин, поранешен невронаучник, која го започна Sci-Hub во 2011 година, го предводи сајтот од Русија, користејќи разни домеини и IP адреси.
Во мај, „Елсевир“ му предаде на судот листа од 100 статии нелегално преземени статии од Sci-Hub и LibGen, побара трајна забрана и парична оштета од 15 милиони долари. Холандскиот издавачки гигант ги има правата на речиси 28 милиони научни материјали, кои нелегално беа објавени на Sci-Hub во 2016 година, по што следуваат „Springer Nature“ и „Wiley-Blackwell“.
Според неодамнешни анализи, речиси 50 отсто од статиите објавени на Sci-Hub се украдени од овие три компании.
„Незаконските активности предизвикаа и ќе продолжат да предизвикуваат непоправлила штета на “Елсевир“, неговите клиенти и јавноста“, изјавија за судот од адвокатскиот тим на издавачката куќа.
По судењето на 21 јуни, судијата пресуди во корист на „Елсевир“, во отсуство на Елбакин или легалните претставници на кој било од обвинетите.
Сепак, таа испрати писмо појаснувајќи ги своите причини зошто го започнала сајтот. Додека била на универзитетот во Казахастан, нејзе и биле потребни стотици книги и материјали за нејзините студии. Но, единствениот начин да дојде до нив бил да плати 32 долари од книга, што таа го опиша како „неправда“. Откако открила дека други академци го користат интернетот за да добијат копии од истражувања за кои не можеле да платат, таа го отворила Sci-Hub за да го забрза процесот.
„Судот не ја помеша нелегалната активност со јавно добро“, рече Марија Палант, претседател и извршен директор на Асоцијацијата на американски издавачи, трговска групација на која припаѓа и „Елсевир“.
„Напротив, ја препозна операцијата на обвинетите за флагрантно и убедливо прекршување кое навистина ја потврди критичката улога на законот за авторски права во унапредување на научните истражување и јавниот интерес“.
Сепак, оваа пресуда не значи дека материјалите објавени од „Елсевир“ се безбедни, бидејќи таа не налага затворање на пиратските страници.
Елбакин, пак, не била достапна за коментар.
Академските институции и библиотеки во неколку држави, вклучително во Холандија, Германија, Финска и Тајван се во добри односи со „Елсевир“ во однос на авторските права.
Во Финска, на пример, неколку илјадници научници потпишаа петиција велејќи дека ќе се воздржат од сите барања за уредување и прегледи од списанијата на „Елсевир“ се додека не се постигне „фер спогодба“ помеѓу издавачот и финскиот библиотекарски конзорциум за трошоците за претплата и за моделите на отворен пристап.
Според интернет анализите, најголеми корисници на овие пиратски сајтови се луѓето во Иран, Индија и Кина.