Наместо да купува луксузни вили и јахти, Џоан Роулинг, авторката на култните романи за Хари Потер и неговата дружина, дели пари на сиромашните.
Роулинг уште пред две година излезе од листата на милијардери на Форбс бидејќи подели дури 160 милиони долари на лицата кои немаат основни услови за живот. Британската писателка е прва меѓу припадниците на својата професија што стана член на листата најбогати луѓе на светот. Нејзиното богатство би били многу поголемо доколку таа редовно не го плаќа данок, но и доколку не учествува во бројните хуманитарни активности, пренесе Блиц.
„Кога заработувате многу повеќе од она што ви е потребно, имате морална одговорност мудро да постапувате и паметно да подарувате“, вели Роулинг за магазинот „Рhilanthropy Impact”.
Авторката на книгата за волшебникот Хари Потер и самата живеела од социјална помош пред да стане славна, па оттука и научила како да ја цени вредноста на парите.
„Сиромаштијата вклучува страв, стрес, а често пати и депресија. Таа носи илјадници мали понижувања и тешкотии“, додава таа за магазинот.