По повод 5 мај – Денот на македонскиот јазик, во Музејот на македонска борба ќе се одржи настанот „Пишувај на кирилица“.
Со почеток во 18 часот, Музичката младина на Македонија ќе одржи музичка забава по повод нивниот 60-годишен јубилеј.
„Да го прославиме овој неверојатен ден со ‘Пишувај на кирилица’. Придружете ни се за незаборавно културно искуство“, велат од Министерството за култура, кое се јавува како организатор на настанот.
Влезот е бесплатен.