Ледената покривка на Гренланд и струите на Голфската струја, како и замрзнатите региони можеби веќе ја поминале точката на неповратни промени, пренесува „Гардијан“.
Според ново истражување, климатската криза ја довела планетата Земја на работ на повеќе „катастрофални“ пресвртни точки. Истражувањето покажува дека веќе се поминати пет опасни пресвртувачки точки поради глобалното затоплување од 1, 1 Целзиусов степен предизвикано од човекот.
Топењето на мразот во Грендланд предизвикува огромно зголемување на нивото на морето, запрена е водната струја во северниот дел на Антлантикот, запираат дождовите од кои зависат милијарди луѓе за исхрана, а тука е и наглото топење на мразот полн со јаглерод.
Со глобалното затоплување од 1.5 степени Целсиусови, четири од пет пресвртни точки од можни преминуваат во веројатни , се вели во анализата. Исто така, ваквото затоплување отвора можност да се појават уште пет дополнителни пресвртни точки, кои вклучуваат промени во пошумените региони и топење на речиси сите планински глечери.
Севкупно, истражувачите пронајдоа докази за 16 превртувачки точки, а последните шест се очекува да доведат до затоплување од 2 степени Целсиусови, сметаат научниците. Последиците од преминувањето на пресвртните точки ќе стапат на сила од неколку години до неколку векови.
Дејвид Армстронг Мекеј од Универзитетот во Ексетер, водечки автор на студијата, истакнал дека истражувањето отвора основа за тага, но додал дека има и основа за надеж.
„Студијата навистина поткрепува зошто е важна целта на Парискиот договор. Секој дел од степенот што ќе го запреме над 1,5 Целсиусови степени ја намалува веројатноста за повеќе пресвртувачки точки“, истакнал тој.
Неодамнешните истражувања покажаа знаци на дестабилизација во амазонската прашума, чие губење би имало „длабоки“ импликации врз глобалната клима и биодиверзитетот, како и врз ледената покривка на Гренланд и струите на Голфската струја.
Во неодамнешниот извештај на Меѓувладиниот панел за климатски промени се вели дека ризикот од активирање на климатските пресвртувачки точки станува висок со глобалното загревање од 2 степени Целзиусови.
Анализата, објавена во списанието „Наука“, вклучува повеќе од 200 претходни студии за минатите пресвртни точки, климатски набљудувања и студии за моделирање.