Планинарите од друштвото „Осогово“ испешачија 25 километри и посетија 22 луѓе на кои им поделија лекови и храна.
Повеќе домови од село Полаки добија хуманитарна помош од граѓаните кои донираа.
„…разменивме и по некоја солза за изненадената посета после подолго време некој да им тропне на врата да ги праша дали се добри со здравје, дали им треба нешто“, велат од друштвото.
Оттаму најавуваат дека ќе продолжат со акцијата и ќе продолжат почесто да ги посетуваат овие луѓе.
Нивната следна акција ќе биде во село Небојани.
Инаку, акцијата започна откако на социјалната мрежа „Фејсбук“ беше организирана акција за прибирање донации по силните врнежи на снег, поради кои неколку села во осоговскиот регион останаа отсечени.