Утре (13 ноември), ќе се одржи 29-та по ред есенска студентска планинарска тура, Водно 2013 година. Организатор на настанот е универзитетот „Св.Кирил и Методиј“.
Планиинарската тура традиционално се одржува по повод „13 Ноември“ – Денот на ослободување на Скопје.
Студентите ќе се чекаат пред Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија во 9.30 часот, а кон Водно ќе тргнат во 10 часот. На целта, на Средно Водно студентите од Факултетот за музичка уметност ќе организираат забава.
Притоа студентите од прва година се ослободени од нивните редовни обврски за да земат учество во планинарската тура.