Европскиот ден на знамето на 3 мај ќе се одбележи со планинарски марш до Водно. Поаѓањето е предвидено во 9 часот од пред седиштето на Делегацијата на Европската унија во Скопје.
Според програмата на Организацискиот одбор, на оваа локација присутните ќе може да земат маички со логото на ЕУ и на Европското движење, по што се врши традиционалната размена на знамињата на Република Македонија и на Европската унија.
Потоа колоната учесници на манифестацијата ќе се упати кон врвот на Водно, каде ќе се постават двете знамиња. Освен церемонијалниот карактер, манифестацијата има цел да го афирмира спортот и планинарските рекреативни активности.
Организатори на планинарскиот марш на Водно се Европското движење на Република Македонија и Делегацијата на Европската Унија.