Европско движење во Република Македонија утре (7 мај) ќе организира планинарски марш на Водно, по повод Европскиот ден на знамето 2016.
Зборно место е седиштето на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија (зградата на ЕУ инфо-центарот), во 09 часот, каде ќе може да се подигнат маици со логото на ЕУ и на Европското движење, како и да се разменат на знамињата на Република Македонија и на Европската унија.
Колоната со учесници потоа ќе се упати кон врвот на Водно, каде ќе се постават двете знамиња.
Маршот, во кој ќе учествуваат повеќе планинари, активисти на Европското движење, ученици заедно со нивните родители, студенти, како и други граѓани, претставува дел од целокупната програма за одбележување на Денот на Европа. Освен церемонијалниот карактер, манифестацијата има цел да го афирмира спортот и планинарските рекреативни активности.