Пливачите од Специјалната олимпијада се вратија со бронзени медали од првенството во Косово

Три бронзени медали за пливачкиот тим на Специјалната олимпијада на Македонија на „Отвореното пливачко првенство Косово 2018“.

Во конкуренција на пливачи од 11 земји, Матеј Аларов, Стефан Трпковски и Христијан Стојанов, поединечно освоија бронза на 50 метри краул.

Тренерите Радован Вељановски и Мартин Мојсовски се горди на своите натпреварувачи.

„Ова е супер подготовка на пливачката селекција за престојните Светски летни олимписки игри Абу Даби 2019“, се вели во објавата на Специјалната олимпијада на Македонија.

Првенството беше организирано од пливачката федерација на Косово и World down syndrome swimming organzation.