Вечерва со почеток во 21 часот во Градската галерија во Котор ќе се одржи самостојната изложба „Пливаме заедно“ на македонскиот уметник Стефан Димовски. Во неговите дела, покрај чистиот акварел, присутна е и комбинирана техника – акварел, колаж, акрилик, сепиа и пастел.
Димовски е роден во 1983 година во Скопје. Сериозно започнал да се занимава со акварел во 1995 година, а долгогодишниот престој во Франција му овозможил да воспостави контакти со познати акварелисти, и да ја усоврши акварелната техника до перфекција.
Досега има учествувано на повеќе групни изложби во Сан Рафаел, а исто така своите дела ги изложувал во повеќе галерии на југот на Франција.
Делата на Димовски се наоѓаат во повеќе институции и приватни колекции во Македонија и странство.