Протестот во Нови Сад во организација на групите „Свиќе“ и „Став“ денеска започна пред градското собрание. Граѓаните донесоа лименки со црвена боја, на што активистите претходно повикаа. Пред почетокот на протестот, прогресивците се собраа на улицата Стражиловска. Во меѓувреме, повеќе од 20 државни факултети во Белград, Нови Сад и Ниш влегоа во блокада, барајќи објавување на комплетната документација за реконструкцијата на Железничката станица во главниот град Војводина, како и откривање на одговорните за напад врз студентите на Факултетот за драмски уметности. Вчера во 11:52 часот Електротехничкиот факултет (ЕТФ), студенти по архитектура и градежништво ја организираа акцијата „Стоп Србијо“ на булеварот Краља Александра, најавувајќи дека ќе продолжат со неа секој ден до исполнување на нивните барања, пренесува Н1.
Денешниот протест во Нови Сад симболично започна во 11:52 часот, во моментот кога се урна настрешницата на железничката станица во тој град, при што загинаа 15, а две лица беа тешко повредени.
Според организаторите, протестот се организира пред Собранието бидејќи неделава го загубил легитимитетот со срамната расправа за разрешувањето на градоначалникот Милан Ѓуриќ.
Ruke su vam krvave!
Novi Sad
Mladi ostavili poruku ispred Skupštine grada i sada krećemo ka studentskom kampusu gde je sve više fakulteta u blokadi u borbi za pravdu!
Krivce u zatvor, aktiviste na slobodu! pic.twitter.com/Qnfl1ioNs1— Marinika Tepić (@MarinikaTepic) December 8, 2024
Планот е на протестот да им се остават црвени пораки на градските власти.
„Да им кажеме дека веќе немаат легитимитет да управуваат со Нови Сад и дека, без разлика на репресијата, ќе продолжиме да бараме правда“, велат активистите.
Како што велат, по минатонеделната акција со денови ги отстранувале црвените ознаки од плоштадот Слобода.
„Да видиме дали по оваа акција до понеделник ќе успеат да ги исперат крвавите улици или градските челници ќе бидат пречекани со црвени пораки. Донесете ја бојата“, истакнаа активистите.
После тоа, тие ќе одат во кампусот за да ги поддржат студентите кои ги блокираат факултетите. Додаваат дека, доколку сакаат, граѓаните можат да донесат работи за донирање на учениците: вреќи за спиење, душеци, книги, храна, вода и слично.
Порачуваат да се донесат и свирчиња, тапани, тенџериња, вувузели и други реквизити за правење врева на протестот.