Илинденскиот викенд на„Оревче“, четвртата плажа во охридско Градиште ќе донесе одбрана музичка програма, a во петок, сабота и недела, предвидени се дневни забави.
Денеска (петок), од 15.00 часот, свој сет ќе има Jansky (ОЛУК мултимедија), а влезот е слободен, исто како и во сабота (2 август), кога за дневната забава (12:00 до 20.00 часот) ќе се погрижат Jansky, Vercho и B!Zarre (Радио МОФ/ОЛУК).
Саботната вечер на „Оревче“ е резервирана за забавата на PMG со наслов „Охридско востание“, на која Robotek ќе го промовира својот нов албум, „Electric Dawn“, а ќе настапат и Мирко Попов и Galatheia. Влезница за журката чини 100 денари.
Во недела (3 август) преку ден ќе настапат Петар Антевски (Радио МОФ) и Miss Neighty (ОЛУК), а влезот е слободен.
Од „Оревче“ ги известуваат сите посетители дека влезот преку соседните плажи ќе биде затворен поради нивните настани, а за сите кои сакаат да стигнат до „Оревче“ преку кампот „Градиште“ ќе биде обезбеден бесплатен превоз со кајчиња од првата плажа на Градиште.