По 16 години реставрирање повторно отворена палатата Ајга – местото каде е крунисан Александар Велики

Еден од најважните споменици во класичната антика, местото каде е крунисан Александар Велики се отвори по 16-годишно реставрирање.

Палатата Ајга што се наоѓа во близина на градот Солун е изградена пред повеќе од 2.300 години. Подоцна, во вториот век пред новата ера била уништена од Римјаните, а потоа за време на акциите за ископување во 19 век повторно била откопана.

„Значењето на ваквите споменици е наследство за целиот свет. Мора да го истакнеме, промовираме и да ги прошириме хоризонтите што ги открива секој нов аспект“, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на церемонијата за време на отворањето.

Меѓу обновените делови се и некои од масивните колонади на палатата. Реновирањето чинеше повеќе од 20 милиони евра и се реализираше со поддршка од Европската Унија.

Палатата е меѓу најголемите објекти од античка Грција и опфаќа површина од 15.000 метри квадратни со големи сали, места за богослужба и дворови.

Реновирањето чинеше повеќе од 20 милиони евра и се реализираше со поддршка од Европската Унија. Палатата за јавноста повторно ќе се отвори утре, недела.