По 33 години постоење згасна Канал ВИС, Струмица остана без локална телевизија

Регионалната телевизија Канал ВИС Струмица која што функционираше 33 години се затвори, а вработените завршија во Агенцијата за вработување, јавува порталот „Сакам да кажам“.

Овој медиум веќе неколку дена не зрачи сигнал, со што Струмица остана без единствената телевизија која што информираше за локални и регионални случувања, а емитуваше и програма со неколку авторски емисии.

Канал ВИС беше еден од најстарите телевизиски медиуми во земјава. Прво функционираше како локална, а од пред десетина години како регионална телевизија. Во неа, во континуитет работеа над десетина новинари, сниматели и технички персонал. Од летово таа бројка беше сведена на минимум.