Околу 14:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на осум училишта во Скопје денеска биле упатени закани за поставени експлозивни направи.
„Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од Министерството за внатрешни работи.
Ова е по деветти пат да се пријавуваат дојави за бомби во училиштата низ Скопје во изминатиот период. Сите пријави досега беа лажни. Првите лажни дојави за бомби беа пријавени на 26 октомври.