Индонезискиот вулкан Анак Кракатау денеска еруптираше и предизвика облаци од пепел на 3.000 метри помеѓу островите Јава и Суматра.
„Сè уште бележиме континуирани ерупции со густи облаци кои се движат помеѓу 500 и 3.000 метри над врвот“, соопшти тамошната геолошка служба.
Властите им наредиле на жителите да ја избегнуваат зоната на вулканот околу два километри во околината. Се препорачува да се носи маска како заштита од пепелта.
Последната голема вулканска ерупција беше во 2018 година. Тогаш беше предизвикано цунами во кое загинаа 429 луѓе, додека неколку илјади останаа без покрив над главата.
Индонезија, архипелаг од 17.000 поголеми или помали острови, се наоѓа во таканаречениот Пацифички огнен прстен, област со силна сеизмичка активност. Во земјата има речиси 130 активни вулкани.