Најголемиот хрватски фестивал под отворено небо, INmusic, кој се одржува секоја година на „младешкиот остров“ на загрепското езеро Јарун, продолжува со најава на хедлајнерите за следното издание – по Pixies и Black Keys, организаторите денеска објавија дека и американскиот рок бенд MGMT ќе настапи на деветтото издание на фестивалот во јуни.
Со ова, INmusic уште повеќе ја истакнува кандидатурата за врвот во фестивалската забава во регионот и пошироко. Во 2013, во Загреб настапија: Arctic Monkeys, Iggy and the Stooges, Basement Jaxx, Bloc Party и Editors. Во изминатите години, пак, фестивалот беше и сцена за настапите на; New Order, Mando Diao, Franz Ferdinand, Nick Cave, Moby, Lily Allen, Kraftwerk, Billy Idol, Massive Attack, Morcheeba, Arcade Fire, Jamiroquai и Sonic Youth, меѓу другите.