По повод Меѓународен ден на човековите права ЕЛСА организира настан на Правен факултет

По повод 20 ноември – Меѓународниот ден на детето, претстојниот Меѓународен ден на човековите права – 10 декември и денот на ЕЛСА, интернационалната мрежа на млади правници ЕЛСА организира настан  на тема „Кривично – правни и психолошки дилеми за кривичната одговорност на децата – сторители на кривични дела“.

Настанот ќе се одржи на 5 декември (четврток) со почеток од 17:30 часот во просториите на Правниот факултет „Јустинијан Први“.

Говорници на настанот се: проф. д-р Александра Деаноска – Трендафилова – Редовен професор по казнено право на Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, Наташа Сарамандова – Јавен обвинител во Вишо Јавно обвинителство Скопје и проф. д-р Марија Ралева – Психијатар за деца и адолесценти.

Сите заинтересирани може да се пријават на applications@mk.elsa.org најдоцна до 4 декември (среда) до 23:59 часот.

Котизацијата за учество изнесува 100 денари за ЕЛСА членови, а 200 денари за надворешни членови. 

 За секој учесник следува сертификат.

 Повеќе детали ТУКА.