МВР до осуди насиството од вчерашниот ден и апелираат на разумност. Напоменаа дека спроведуваат оперативни мерки и вршат информативни разговори со 12 лица поврзани со нападот на новинарот и снимателот на А1он, кој се случи по протестот инициран од „За заедничка Македонија“.
Јордан Ламановски, помошник-министерот за односи со јавност на МВР, на денешната прес-конференција рече дека се уште трагаат по двајцата напаѓачи, чиј идентитет засега е непознат. Меѓу лицата со кои се вршат разговори, дел се сомничат дека учествувале во инцидентот, а дел се повикани како сведоци.
Министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, рече дека ќе ги употребат сите капацитети за да го расчистат насилството. Во текот на вчерашниот ден во неколку наврати имало напади и тепачки, кои завршиле со пет повредени, од кои дел се задржани на лекување. Апелираше граѓаните да се воздржат од насилство и да не го нарушуваат правниот поредок и уставните вредности.
„Граѓаните имаат право да протестираат на демократски начин и да ги изразат своите ставови, а законот за јавен ред и мир мора да се почитува“, рече министерот Нухиу.