Радио МОФ повторно ја отвора платформата за психолошко советување, каде можете да поставувате прашања и да добиете одговори од нашите психолози-психотерапевти.
Во соработка со група лиценцирани психолози-психотерапевти, поставените прашања ќе бидат ревидирани и одговорени со стручно мислење и совет, соодветно на нивната сфера на експертиза. Прашањата и одговорите на психолозите ќе бидат објавувани на нашиот сајт под псевдоними и анонимно.
Доколку имате некаков проблем или прашање кое ве вознемирува, тогаш оваа платформа е вистинската за вас. Може да ни испраќате прашања поврзани со различни теми, од семејни проблеми, токсични врски и раскинувања, депресија, анксиозност па сè до врсничко насилство или ментални предизвици поврзани со пандемијата. Сè што ве држи будни навечер!
За да пријавите проблем/прашање, треба да го пополните следниот прашалник.
Платформата е бесплатна и отворена за сите млади, затоа што секој проблем е важен и секое прашање заслужува одговор!
Оваа активност е поддржана од Светската здравствена организација, со финансиска помош од Европската Унија во рамки на Заедничкото делување на ЕУ и СЗО во однос на зајакнување на флексибилноста на здравствените системи во земјите од Западен Балкан при имплементацијата во Република Северна Македонија.