Победничките фотографии од конкурсот на Националниот парк „Маврово“

Три фотографии од вкупно 250 пријавени се одбрани за најдобри на конкурсот распишан по повод 70 години од прогласувањето на Националниот парк „Маврово“. Учесниците имаа можност да испраќаат фотографии на тема „Приказни за убавините на Националниот парк „Маврово“.

Конкурсот опфати три категории:

Во категоријата „Млади фотографи“ (до 16 години) за најдобра фотографија е избрана „Симетрија – Мавровско езеро“, на Филип Јовиќ.

За најдобра аматерска фотографија е избрана „Водопад Дуф на Дешат планина’, од фотографот Марјан Скрижевски. 

За најдобра професионална фотографија, пак, е избрана фотографијатата од Мал Кораб на Доријан Миловановиќ.

Од Националниот парк „Маврово“ соопштуваат дека испратените фотографии ќе бидат изложени на поставката по повод 70-годишнина.