Преку 2000 архитекти од целиот свет годинава се собраа на еден од најпрестижните настани во светот на архитектурата – Светскиот архитектонски фестивал во Сингапур, кој се одржа од 2 до 4 октомври. Фестивалот е место каде се прогласуваат најдобрите згради во светот, а годинава за „Светска зграда на годината“ е прогласена зградата на уметничката галерија во Оукланд, Нов Зеланд:
Еве и некои од победниците на Светскиот архитектонски фестивал, по категории:
Куќи – „Вишок простор“, Австралија
Домување – станови на 28-та улица во Лос Анџелес (САД)
Канцеларии – регионалното и меѓународно седиште на компанијата Статоил (Норвешка)
Високо образование/истражувања – Универзитетот во Ексетер (Велика Британија)
Религија – џамијата Санџаклар (Турција)
Школи – спортскиот колеџ Fontys во Холандија
Шопинг – Емпориа (Шведска)
Здравство – Универзитетскиот медицински центар Rush (САД)
Погледнете ги и останатите победници на Светскиот архитектонски фестивал 2013