Андре Браугер, актерот од познатата серија „Бруклин девет-девет“ почина во понеделникот, 11 декември, по кратко боледување, а информацијата за неговата смрт е споделена од неговата публицистка Џенифер Ален.
Во својата актерска кариера, Браугер беше номиниран за 11 „Еми“ награди, а освои две – една во 1998 за неговата улога во драма-серијалот „Хомицид“, а втората во 2006, за улогата на лидер на банда измамници во серијата „Крадец“.
Во комичната серија „Бруклин девет-девет“, Браугер ја играше улогата на полицискиот началник Рејмонд Холт, кој предводи полициска станица во 99-от реон на Њујорк, справувајќи се со безброј замисливи и незамисливи сценарија. Браугер за улогата е номиниран за „Еми“ четири пати.
Според „Холивудски репортер“, Браугер требало да ја игра главната улога во идно издание на „Нетфликс“ – „Резиденцијата“, кое се одвива во Белата куќа.