Сер Џорџ Мартин, легендарниот музички продуцент кој ја направи групата „Битлс“ најголема светска поп сила, почина на 90-годишна возраст. Веста за смртта на Мартин ја објави Ринго Стар на својот профил на Твитер.
Thank you for all your love and kindness George peace and love xx😎✌️🌟💖 pic.twitter.com/um2hRFB7qF
— #RingoStarr (@ringostarrmusic) March 9, 2016
Мартин беше познат како „петтиот Битл“ – тој работеше како продуцент, но беше и многу важен ментор за Џон Ленон, Пол Макартни, Џорџ Харисон и Ринго Стар. Во неговата 60-годишна кариера во музичката индустрија, тој ги продуцираше речиси сите изданија на „Битлси“, а работеше и со низа други артисти: Gerry & the Pacemakers, Jeff Beck, America и Cheap Trick, меѓу другите.
Пред да потпише со „Битлси“, тој работел на џез и класична музика, но веднаш успеал да го сфати комерцијалниот потенцијал на четворката од Ливерпул и им се приклучил во 1962 година.
Мартин е во Гинисовата книга на рекорди, како музички продуцент со најмногу број 1 хитови – само во САД и Велика Британија, повеќе од 50 негови песни биле на врвот на топ-листите.