Француската режисерка и пионерка на Новиот бран, Ањес Варда почина на 90 години во Париз, по кратко боледување.
Таа е позната по филмовите „Клео од пет до седум“, „Вагабонд“, за кој во 1985 година беше наградена со Златниот лав и со „Жако од Нант“.
Варда припаѓаше на Левиот брег на францускиот Нов бран, заедно со Ален Ресне, Крис Маркер и Маргарит Дурас.
Лани режисерката доби Оскар за животно дело минатата година, а нејзиниот документарен филм „Лица, места“ беше номиниран.