Такахаши бил пронајден на површината на водата, облечен во костум за нуркање, пренесува „Гардијан“
Јапонскиот уметник ги создаде популарните манга стрип серијали „Ју-Ги-О!“, кои подоцна прераснаа во франшиза што вклучува и игра со карти.
Телото на Казуки Такахаши, 60, чие вистинско име е Казуо, било откриено на површината на морето во близнина на Наго, јужен реон во Окинава, а било идентификувано наредниот ден.
Властите ја истражуваат неговата смрт.
„Ју-Ги-О!“, што значи „Крал на игрите“, дебитираше како стрип серијал и се објавуваше од 1996 до 2004 година. Стрипот и анимираната серија ја следи приказната на момче кое решава најразлични конфликти користејќи игри.
Веста за смртта на Такахаши беше објавена и преку Твитер профилот на франшизата.
„Благодарни сме за прекрасниот „Ју-Ги-О“ умниверзум кој тој ја создаде и нашите мисли се со најблиските во ова тешко време“, се велеше во соопштението за смртта на уметникот.
— Yu-Gi-Oh! TCG (@YuGiOh_TCG) July 7, 2022